Зоран Николов
Објавено: сабота, 19 август 2006
АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА ВО БУГАРИЈА
Секој месец во Бугарија се регистрираат 10 нови заразени со вирусот ХИВ, а песимистичките процени се дека тој број е поголем за дури десет пати, јави Макфакс.
Според Министерство за здравство, до јуни биле регистрирани 646 инфицирани со вирусот на сида, а во декември имало 597. Две третини од вкупниот број инфицирани се мажи.
Најновата анкета спроведена врз 120 заболени од сида покажува дека најголемите проблеми со кои се соочуваат овие лица е немањето личен лекар и соодветна медицинска грижа. Поради немањето право на лекување во клиниките, под изговор дека не се опремени со соодветни карантини, тие се принудени да го прикриваат фактот дека се серопозитивни или да не се лекуваат, покажува испитувањето. Овие лица честопати се изложени на дискриминаторски однос, ја напуштаат работата и го губат социјалниот статус што ги води во изолација.
Извор:
Дневник

Tweet |